Во неделата на 6 јануари, ПСЖ играше против четвртолигашот Стад Понтиви кој се натпреварува во француската CF2 аматерска лига. Понтиви е градче на самиот север од Франција и е околу 450 километри оддалечено од Париз. Со автомобил се стигнува од Париз за околу 4 часа и 45 минути.
Тренерот на Парижаните Томас Тухел решил да ги загрее првотимците за стартот на втората полусезона, па од почеток играа и Нејмар и Мбапе и Дракслер и Тијаго Силва и Курзава и Дани Алвеш и голманот Ареола.
Интересно, стадионот на Понтиви не е воопшто мал, собира 15.000 гледачи и бил преполн за мечот со актуелниот шампион.
C’est fini ! Victoire 4-0 pour le @PSG_inside. Merci aux vert et blanc de nous avoir fait rêver et vibrer pendant cette belle #CDF 💚⚪️ et merci aux 15000 spectateurs présents ! pic.twitter.com/rm9d1sd6a7
— GSI Pontivy (@GSIPontivy) January 6, 2019
Очекувано, „светците“ славеа 0-4 со головите на Нејмар, Мбапе, Дракслер и еден автогол а за триумфот добиле 120.000 евра колку што дава француската фудбалска федерација за пласман во следната рунда.
🔝🏆@PSG_English wish all the best for @GSIPontivy, a truly worthy opponent tonight. Congratulations on your @coupedefrance campaign 👏#GSIPSG pic.twitter.com/754Sgj41IX
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) January 6, 2019
Пари Сен Жермен бил убаво пречекан во Понтиви поради што претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи изјавил дека сите пари кои што ги добиле од Франуската фудбалска федерација ќе ги префрли на клубот Понтиви.
Тренерот на нисколигашот, Јаник Бланшард рекол: „Се однесуваа со нас со големо уважување“.
📸 @DaniAlvesD2 showing what fair play is all about after PSG took the lead on an @GSIPontivy own-goal 👏 #AllezParis 🔴🔵#GSIPSG pic.twitter.com/Qc3wIwKd9H
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) January 6, 2019
А тренерот на ПСЖ Тухел рекол: „Екипата добро се справи, игравме против сериозен противник кој покажа прав тимски дух. Тешко е да се игра против клубовите за кои не знаеме ништо.“
Според Transfermarkt, целиот состав на Понтиви заедно со резервните играчи изнесува околу 425.000 евра. ПСЖ пројде во 1/6 финале и сега го чека противникот во таа рунда од Купот.