„За 26 месеци тој за Лион одигра 42 минути“, стои во статистиката на L’Equipe која што се вклопува во приказната за склоноста на Фофана кон повреди. Својот последен меч Фофана го одигра на 23. мај 2015-та година против Рен, а до ден денес мака мачеше со повредата.
На 18. јануари на официјалниот сајт на клубот се појави кратко интервју и архивска фотографија со насмеаниот Фофана кој вели:
„Навистина пробав сè што можев, но за жал мора да признаам дека состојбата на зглобот не ми дозволува да играм фудбал“.
Фофана навистина пробал сè: Направил неколку операции, менувал метод на опоравување, цела година на ногата носел специјален фиксатор - но ништо не помогнало. Фофана до последно верувал во успех и со такво расположение ги заразил и другите.
„Знаев колку трпи затоа што повредата му беше посериозна отколку мојата. Се надевам дека ќе се врати, Гејда го заслужува тоа“, пред само еден месец изјави соиграчот на Фофана од Лион, Набил Факир.
Во светот на фудбалот имало слични стории. Марко ван Бастен според Марадона можел да стане најдобар играч на светот но ја завршил кариерата на 28 години поради повреда на зглобот. До тој момент освоил Куп на европски шампиони, злато на Европско и три Златни топки. Фофана пак, немал време за готово ништо.
Фофана инаку не е дете на Лион. Во клубот стигнал после две сезони во Ле Авр во Лига 2. По заминувањето на Тулалан, „Les Gones“ (децата) сакале да донесат млад играч до 2 милиони евра. Уште како мал Фофана важел за интелегентен играч идеален за современиот Лион.
„Одличен дечко е. Многу добар играч и лидер, секогаш спремен да помогне. Кога игравме за репрезентацијата до 20 години го сметавме за позрел од другите“, се сеќава Венсан Сасо кој играл со Фофана за Франција У20.
Оваа селекција замина на Светското младинско првенство и го освои златото а во составот тогаш играа: Лаказет, Гризман, Колеџејчак, Коклан, Грение, Какута. Капитен им беше Фофана чијшто клуб Ле Авр бил помалку звучен од оние на соиграчите.
Фофана во Лион беше три сезони, а во текот на кариерата постојано се борел во конкуренција со еден куп талентирани јуниори, посебно со Максим Гоналон.
Со оглед на тоа што капитенот Гоналон не игра на нивото од пред неколку сезони, здрава верзија на Фофана би го истиснала од составот. Навивачите и тренерите отсекогаш го третирале одлично. Меѓу сите играчи тој е единствениот за кого немало злокобни коментари.
На минатиот меч против Марсеј играчите на Лион го прославија голот со откривање на маици со ликот на Фофана.
#Replay🎥 Le magnifique hommage rendu à Gueida #Fofana par toute l'équipe pic.twitter.com/qfsNQFlGO7
— Inside Gones (@InsideGones) January 22, 2017
Инцијатор на ваквата прослава бил стрелецот на голот Валбуена кој фактички не се сретнал со Фофана во тимот. Жан-Мишел Ола веќе изјави дека би сакал да го види Фофана во структрите на клубот, дали како раководител, дали како педагог.
„Тој е фантастичен играч. Има исклучителен интелект и силно делува на позитивноста на колективот.
Самиот Гејда Фофана уште не изјавил дали ќе остане во Лион. Ако не можеше да освојува трофеи како играч, секако може да се обиде како тренер. Една кариера завршува, но друга започнува.