Лусиен Фавре

Човекот кој го води францускиот Лестер и му пркоси на ПСЖ

Минатата 2016-та во спортот беше делумно мрачна поради допингот во Русија, скандалите со педофилија во Англија, тепачките на ЕП во Франција, авиокатастрофата со Шапекоензе. Но имаше и некои херои кои ја враќаа верата во човештвото и спортот.

„Фудбалот без импровизација е мртов. Замислите ситуација: Играч од мојата екипа тргнува да дрибла тројца противници а јас да му урлам: ’Што правиш ти? Ослободувај се од топката побрзо!’. Тоа е глупо. Земете го на пример Нејмар. Тој е способен да издрибла двајца и веќе во дестабилизираната одбрана да направи паника“, со лукава насмевка Лусиан Фавре им раскажувал на новинарите како Борусија Менхенгладбах станала толку кул и се квалификувала во групната фаза од Лигата на шампионите после третото место во Бундеслигата (рекорден пласман во последните 25 години).

Година дена подоцна Фавре мораше да ги собира отпадоците од распадната игра после очајниот почеток на сезоната 2015/2016 (6 порази по ред). Не сфаќал како дошол во таква ситуација.

Швајцарскиот тренер никогаш во кариерата не поминал низ таква криза. Почнал да губи доверба во себе а навивачите ја бомбардирале управата со барања да го избркаат Фавре. После третиот состанок, Фавре го оставил Гладбах на последното место и се вратил во родниот крај на свеж алпски воздух за да ја „проветри главата“.

Од денешна перспектива, кариерата му била потполно неизвесна. Го барале Галатасарај и Евертон, но тој после сè што му се случило во Баварија не бил заинтересиран. Фавре бил скршен од фактот што лани завршил трет зад Баерн и Борусија Дортмунд а сезоната ја почнал со шест порази по ред!

„Бевме во преговори неколку месеци, но тој постојано одбиваше да потпише. Мислевме дека Ница можеби не е клуб на негово ниво, но на крајот успеавме да го убедиме“.

Кое е нивото на Фавре никогаш не сфатиле, па ниту сега кога Ница е на првото место во Лига 1, француското првенство во кое игра една од најбогатите екипи на светот (ПСЖ) и најефикасниот тим во досегашниот тек на ТОП5 првенствата (Монако). Во таква лига зимски шампиони се момците од Аѕурниот Брег.

Фавре многу не ги истражувал грешките од минатото. Го почнал новиот проект во Ница со истите принципи: „Импровизација - тоа е сè. Брзината на умот е поважна од брзината на нозете“. Кога после шестото коло Ница го запоседна врвот, Фавре одмавнуваше на комплиментите и изјави дека има уште проблеми кои треба да се исправат.

Во следните пет кола неговиот тим газеше се по ред. „Стручњаците“ им предвидуваа пад кон средината на ноември, но Ница не само што го сочува првото место туку до крајот на годината загуби само еднаш во првенството.

„Долго време барав слаба точка во тимот на Фавре, но не најдов нешто за што ќе може да го фатам и критикувам Швајцарецот“, напишал во својата добро читана колумна на L’Équipe поранешниот селектор на Франција, Рајмон Доменек. И покрај сите скандали и незгодниот карактер Фавре во тимот го доведе Марио Балотели и од него одново направи врвен европски напаѓач. Му симнувам капа на колегата“, стои во колумната на Доменек.

Фактот дека Фавре и Балотели брзо нашле заеднички јазик изненадил малкумина. Фавре е Балотели во светот на тренерите. Неговата кариера се движеше речиси исто како и кариерата на Марио. И двајцата за кратко време слушнаа два типа на звук: заглушувачки и бурни аплаузи, и тап удар на дното.

Фавре не размислувал многу кога му кажале дека во екипата може да го има човекот кој плука по правилата, затоа што и самиот во младоста ги прекршувал истите:

„Во средината на ’80-те играв за Сервет. За време на едни подготовки во базата кои траеа недела дена ни беше досадно и решивме да се забавуваме. Избегавме една вечер и се вративме во базата дури сабајлето мртви пијани. А за тој ден беше планирано кардио-тренинг со нараквица. Уште не почнат, мене пулсот ми скокна. Тренерот секако сфати дека сме избегале, но не покажуваше. Наместо тоа ме виде како се мачам и викаше: ’Напред Лусиен ајде, побрзо, побрзо, не застанувај’! Душата ми ја извади, не знам како го преживеав тој ден“.

Луисан Фавре дојде во Ница кога во клубот останаа само четири клучни фудбалери. Управата се решила на таков потег од причина што не сакала Швајцарецот да продолжи по патот на претходниот тренер Клод Пуел.

Двајцата главни играчи Хатем Бен Арфа и Валер Жермен дале повеќе од половина голови за Ница претходната сезона по што заминаа, а замина и Хампалис Менди којшто го замени Канте во Лестер. Клубот конечно најде каква таква замена.

Фавре пред стартот на сезоната беше оставен практично без „рацете и главата“ на екипата. Дупките во тимот ги покри со 21-годишниот Вилан Сиприен кој дојде од Ленс и 17-годишниот Маланг Сар, младинец во екипата кој во моментов е еден од најдобрите играчи во Франција и незаменливиот стопер Данте во одбраната. Тимот се навикна на фактот што не е некој голем европски клуб со амбиции редовно да игра во Европа и играчите немаат голем притисок. Да, клубот продаде 15.000 дресови со презимето на Балотели, но многу од играчите може да шетаат наутро во 8:00 и никој да не ги познае на улица.

Фавре спокојно шета по градот и ужива во фактот што никој не го препознава. Барем никој од многуте туристи. Фавре живее во хотел од каде до стадионот „Алијанц-Ривиер“ оди надвор од градската врева и туристите. Ако го прашате Фавре дали е топла водата, тој само ќе ги спушти рамениците затоа што никогаш не влегол во морето од како е дојден во Ница.

По признание на самиот Лусиан Фавре, во Менхенгладбах во последните месеци работел на границите на физичката сила и можел сериозно да го наруши здравјето ако и натаму продолжел да се бори сам со себе. Во Франција тој не е предмет на притисок и може безбедно да работи со тимот.

„Немој да мислите дека ми е непријатно да зборувам за грешките кои ги правев во Борусија Менхенгладбах. Верувајте дека ја простудирав секоја грешка и точно знам зошто се случи тоа што се случи. Не сакам само да го споделувам со никој друг. Тоа е само моја историја“, вели Фавре.

„Мислам дека сме многу среќни со Фавре. Во него имаме човек кој е голем учител на нашите млади играчи и одличен соговорник за сите кои го среќаваат. Тој со задоволство им излегува во пресрет на навивачите, а тие знаат тоа да го ценат“, вели Венсан Меникини, новинар во локалниот весник Nice-Matin.

Работата со еден од најмладите колективи во Франција е потстрек за 59-годишниот Фавре:

„По прашањето за контрола на топката за мене е важна не толку теоријата, туку и пракса. Скоро ќе имам 60 години, но тоа не значи дека е време да се повлечам. Јуп Хајнкес освои Лига на шампиони со 68 години, така што јас имам уште време“, заклучува најдобриот тренер во Франција во досегашниот тек од првенството, Лусиан Фавре.

3 јануари 2017 - 12:33