Да ти каже чичо каков гол дал против Марсеј на времето

Така ќе им раскажува Жереми Постераро, анонимен фудбалер на францускиот четвртолигаш Кан Русилон за неверојатниот гол кој го даде против гигантот Марсеј.

Некогашниот европски шампион сезонава тоне сè подлабоко. Купот на Франција беше можеби ретка прилика да изборат излез во Европа следната сезона, ама таму ги елиминираше четвртолигашот кој ги победи 2:1.

Домаќинот поведе преку неверојатен гол од слободен удар на Жереми Постераро во 21' минута. Израмни Аркадиуш Мили во 38', а Јоан Баи во 71-ва донесе сензационален триумф за четвртолигашот

Сите голови и славјето на Кан Русилон за историска победа: