Трио е винар. Продавал вино направено од најдобрите виногради на жирондинските полиња. Ги прославил сортите „Шато Глорија“ и „Шато Сен Пјер“ во своите вински замоци.
Сопругата на Жан Луј Трио е ќерка на Мартин Хенри кој бил градоначалник на Сен Жулиен и голем играч во винарскиот бизнис, а бил и претседател на Бордо од 1961 до 1971 година. Токму Хенри му ја всадил љубовта на својот зет Трио за фудбалот иако овој сакал само рагби.
На почетокот на ’90-те години Жан Луј Трио во друштво на неговиот свекор доаѓал во VIP ложата на стадионот „Шабан Далма“ и се запознал со идниот градоначалник на Бордо Ален Жопе.
Со него веднаш организирале „Клуб де Гран Кру“ - винарски собир на менаџери и нивните партнери. Трио станал максимално близок со клубот Бордо и влегол во советот на директори. Клубот во тој период стагнирал, екипата испаднала во Лига 2 поради долгови кои стигнале до 45 милиони евра.
Тогашниот претседател Ален Афлелу немал решение и во мај 1996. година на местото претседател бил избран Жал Луи Трио.
Љубителот на вино и рагби го извлекол Бордо од тешка ситуација заедно со еден друг адвокат, Жан-Дидие Ланге. Главна задача им била да најдат инвеститор.
По примерот на менаџерите на ПСЖ кој потпишале договор со медиахолдингот Canal Plus, така новиот шеф на Бордо решил да се договара за спонзорство со приватниот тв канал M6. Преговорите траеле долго, но пресудна улога одиграла победата на Жирондинците во првенството.
Таа сезона 98/99 Бордо со тренерот Ели Боп и ѕвездите Силвен Вилтор, Лилиан Ласланд, Жоан Мику и другите не го освои првиот трофеј со Трио, туку доби долгорочен договор со М6.
Бордо е еден од двата клуба (со ПСЖ) во Франција коишто ги освоил сите четири национални трофеи во последните 15 години. Но за разлика од Парижаните чии пехари стигнаа со доаѓањето на богатите шеици, Жирондинците се ориентирале на играчи од својата школа.
На почетокот на 2000-те Жан Луј основал академија во која се појавија играчи како Маруан Шамах, Јоан Гуркуф Марк Планус и други.
Трио важел за груб и остар кога му зборувале за современ и модерен фудбал, но сите ја обожавале неговата страст, харизма и насмевка.
На секој меч доаѓал во омилениот шешир и пушел по кутија цигари. На 31. мај 2009 година на стадионот „Мишел Д’Орнано“ во Кан Бордо првпат после 10 години ја освои титулата во Лига 1.
Кога Јоан Гуфран го дал победничкиот гол, Жан Луј скокал од среќа како дете. Отишол до навивачите на Бордо, го побарал мегафонот и запеал: „Кој не скока, тој е... (Мислејќи на навивачите на Марсеј). Таа сезона Бордо му ја симнал круната на Олимпик Марсеј.
Уште повеќе претседателот ценел верност. Го бранел напаѓачот Муса Мазу кога навивачите го бркале од клубот, им помагал на тренерите да ја вратат вербата после катастрофалните сезони, вложувал во трансфери итн.
Во 2011-та после поразот од Сошо не се колебал да се приближи до бесната трибина, да го земе мегафонот и да се извини поради очајната серија порази. Жан Луј ги ценел и сите 247 вработени во клубот кој секогаш навремено добивале плати од него. Можеби затоа најавата на претседателот за заминување од клубот била шок во целиот град.
„Фала, претседателе“! пишуваше на големото покривно знаме кое навивачите на Бордо, „Ултрамарин“ го кренаа во чест на Жан Луј на дуелот против Монпење. Тие не му ги заборавиле 8-те трофеи кој Трио ги донел во клупскиот музеј.
По судиската свирка за крај, Трио запалил цигара како да му е втора во 90 минути и со прст покажал накај навивачите - оние кои го инспирирале во текот на годините.
Претседателот Трио ќе остане со екипата но како член на почесниот совет. Нов претседател на Бордо ќе биде Стефан Мартин кој досега работел во администрацијата. Зад себе Жан Луј Трио остава млад и перспективен тим кој следната сезона би можел да се бори за зона која води во Лига на шампионите.