Во чест на камерманите кои ловат прекрасни голови од убав агол

Сме се нагледале убави голови, но најмногу благодарение на режијата и камерманите кои го вршат преносот и кои знаат како да фатат добар агол во прав момент.

Кој е најубав агол за гледање пас како овој на Хаким Зијех од Ајакс? Моментов што го доловува камерманов со зумирање е за учебници:

Совршениот агол од ТВ камерите ни пружа момент кој подоцна ќе го изгледаме стотици пати. Како на пример оној со слободниот на Роберто Карлос:

Или блокбастерот на Џон Мекин од Астон Вила на почетокот од сезонава кога камерманите ја фаќаат и техниката на шутот:

Мал момент фали еврогол да не се долови онака како што му доликува, па затоа аголот е исклучително важен, како во примерот со бомбата на Куко Мартина од Саутемптон против Арсенал:

А да не правиме муабет за „убавицата“ на Павар против Аргентина:

Прекрасен агол фатија режисерите и за голот на Хаџи против Колумбија на Светското 1994 година:

А Есиен против Арсенал и најубавиот гол во неговата кариера, кога едно дете зад голот се криеше да не го погоди него:

Мелем за очи е и голот на Ибраима Сисоко од Стразбур против Монако на гости:

Прекрасниот агол кои камерите го уловија го направи уште поубав и голот на Кутињо на Светското 2018 против Швајцарија:

Хадлстон против Арсенал во дербито на северен Лондон, камера лудница:

Камера оператерите фатија и преубав агол за мајсторијата на Ван Бронхорст против Уругвај на Мундијалот 2010:

Нималку лесна работа немаа камерманите на еден меч на Барселона кога Роналдињо го постигна дебитантскиот гол по доаѓањето на „Камп Ноу“:

Мајсторијата на Рамзи против Галатасарај е убава затоа што камерманот во исто време ја фаќа и реакцијата на голманот Војчех Шчесњи:

И не станува збор само за модерно доба и современа технологија. Се е до талентот на камерманот. На пример оние што го снимиле голот на Жозимар за Бразил на Светското 1986’ против Северна Ирска од спротивна страна, треба да добијат „Оскар“

 Понекогаш и само додавање може да изгледа ултра-атрактивно, како оние на: Евер Банега до Лео Меси на Светското минатото лето:

 Или неверојатниот гол на Ван Перси со глава на Мундијалот 2014 на прекрасен пас на Дејли Блинд:

А пасот на Луис Сиера до Марсело Салас против Англија на СП 1998:

И шлагот на крај, перфектна камера, перфектен агол и перфектен гол на Фабио Гросо на Светското 2006 против домаќинот Германија:

 

1 март 2019 - 10:13