Таг: мемфис депај

Депај испука страшен проектил од 30 метри

Со головите на Мората, Депај и Љоренте, Атлетико Мадрид убедливо ја стартуваше новата сезона против Гранада која ја совлада со 3:1. Даваме посебен акцент на бомбата на холандскиот напаѓач кој ги засили тимот на Симеоне на почетокот на оваа година.

Моќен деби погодок на Депај за Барселона

По триумфот во првото коло против Реал Сосиедад од 4:2, Барса ремизираше во Билбао. Пике се повреди во прво, Ерик Гарсија доби црвен картон во 93-та минута, а големото холандско засилување од Лион распали со левица за конечни 1:1.

Се запознаваме со ривалите од нашата група на Европско - II дел: Холандија

Повеќето стручни анализи на нашата Група Ц се единствени во ставот дека Македонија ги има сите предуслови да биде „нагазна мина“ за некои од фаворитите. Ако можевме да ја собориме Германија, зошто не и Холандија среде Амстердам?

Епа ќе изгубите од Мексико кога Депај е цреп

Холандија загуби дома 0:1 од Мексико на пријателските средби, а сите зборуваат промашувањето на Мемфис Депај кој инаку летово беше пред потпис во Барселона. Се посрамоти за сите пари во финишот.

Магарето Марсело и тепачка на играчите на Лион со свои навивачи

Во групата Г синоќа беше многу лудо. Дури три екипи имаа шанси за пласман понатаму и секој еден гол ја менуваше состојбата во групата. На крај најзадоволен Лион чии навивачи направија инцидент со своите играчи.

Дојди мали, чичо Депај да ти покаже нешто

Рајан Черки има 16 години и во моментов важи за најголем талент на новата генерација фудбалери во Франција. Игра за Лион, од скоро е приклучен во првиот тим, ама таму мора да пројде тестови кај најдобриот играч на екипата, Мемфис Депај.

Најболната навреда на сезоната е од францускиот фудбал

Иако малкумина знаат, во Франција жестината на дербито меѓу Сент Етјен и Лион е речиси идентична како онаа пеколната меѓу Пари Сен Жермен и Марсеј. Ако не и поголема.

Барди е втор најдобар стрелец од слободни во Европа, Меси е неприкосновен

Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.

Стоперот на Холандија уште не се родил кога последен пат ја добиле Белгија

Вечерва во Брисел репрезентациите на соседните земји Белгија и Холандија ќе се сретнат по 127. пат во својата долгогодишна историја а дуелот го следат неколку занимливости.

Француското првенство го доби голот на сезоната

Лион го декласираше Тулуз со 4:0, а Мемфис Депај изведе страшна лудорија од половина терен со лоб удар кој не се гледа баш често. Кој ли очекуваше дека ќе ја дувне вака душмански од позиција од која обично никој не шутира во гол.

Како Мемфис Депај падна во седмиот круг од адот

„Стилот на Депај му одговара на Манчестер. Мислам дека е тип на играч кој ни недостасуваше уште од времето на Кристијано Роналдо, а претходно Бекам", изјави Гигс пред почетокот на сезоната, не свесен дека Холанѓанецот ќе биде најголемото разочарување.