Катастрофалното деби на Мемфис чуди само на прв поглед. Ако копате малку подлабоко и се запознаете со ситуацијата кај Црвените ѓаволи, таму ќе го најдете изворот на неуспехот на Депај. Гигс и натаму го брани дека е неискусен почетник кој за да го обели образот ќе мора да мине 7 круга од пеколот на Манчестер.
Кога правеше паралели меѓу дебитантот и поранешните лидери на екипата, Гигс веројатно мислеше да каже: „Вистина е дека во време на Роналдо и претходно на Бекам не сме имале толку слаба екипа. Со Бекс играа Хјуз, Кин, Кантона, со Роналдо - Ван Нистелрој, Сколс, Невил, Верон. Пекол за противниците! А сега..“
Од Луј Ван Гал навистина дува пеколот. Без проблем би можел да го игра Луцифер во филмот „Крај на светот". Но, парадоксално, Мемфис Депај не можеше да најде подобар тренер од него во репрезентацијата на Холандија каде му беше речиси како втор татко.
„Се надевам дека еден ден Мемфис ќе игра под водство на Луис - предвиде пред неколку години Хуго Борст, биографот на Ван Гал. Се колнам, пола сезона Мемфис да игра под водство на Ван Гал и со гордост ќе може да го носи презимето Ван Гал на грбот".
Сега ова звучи како глупост. Половина сезона под водство на Луис и Мемфис остана на клупата за резерви без проблеми. Креативноста на Депај не е во прв план, затоа што Ван повеќе сака дрвосечачи отколку уметници. Пред Мемфис, жртвено јагне како креативец од прва класа беше Анхел Ди Марија. Депај ризикува да стане следната жртва.
Трет круг. Англиски котел.
Депај е најголемиот талент на неговото време, но има 21 година и не може да барате премногу од него. Игра во раната фаза на својата кариера и мора да му се даде време. Секако, една работа е да ги дриблаш одбранбените и да штанцаш голови во Ередивизија, а сосема друго е на стадионоте во Премиер лигата.
Мемфис признава: „Два натпревари неделно е тешко и моето тело мора да се навикне на таквиот распоред". Откако е во Англија, веќе успеал да качи пет килограми мускулна маса, и ова е пристоен податок иако Депај загубил на острина и брзина. Мемфис мора да работи до препотување, затоа што без правилен физички тренинг во британскиот фудбал нема што да бара.
Четврти круг. Ѓаволски карактер.
Депај вози нов Ролс-Ројс, и да возел Лада Нива немаше да ги иритира соиграчите кои веќе мрморат: „Дечкото не покажува тимски дух". Еден соиграч од времето на Спарта во Холандија, Ричард Гротсхолтен потсети. „Мемфис сакаше да биде крал, да биде шеф и никој не слушаше. Често има заштитна реакција, веднаш се поставува непријателски. Многумина не сакаа да работат со него".
Кога дојде во Англија исцртан по целото тело, сите помислија дека во градот дошол холандскиот Марио Балотели. Иако самиот тврди дека за цело време во Англија, само еднаш излегол на вечера, но притисокот од луѓето е голем, особено ако игра лошо.
Петти круг. Проклетството на големи очекувања.
Возбудата од трансферот на Депај беше толку голема, што тој издиша како надуен балон. Светот во него откри нов херој кој дал 22 гола во Ередивизија. Но се испостави дека овој подвиг не е којзнае колкав, затоа што Вилфред Бони, поранешниот снајпер во холандската лига даде 31 гол на 30 меча. Играчот од Брегот на Слоновата Коска на крајот се продаде во Свонси за 12 милиони фунти и во првата сезона спакува одлични 16 голови.
Промоцијата на Мемфис беше многу успешна. Агентот Карс Томас и претставник на компанијата SEG Footballl успеа да ги убеди луѓето од Јунајтед во уникатниот талент на Мемфис Депај. Двете страни се договорија за трансфер од 27 милиони евра, а договорот беше еден од најскапите минатата година. Депај зборуваше за желбата да биде најдобар на светот, но со игрите наскоро сонот може да му стане кошмар. Агентите и новинарите го величаа Мемфис, за што сега Холанѓаните ќе мора да платат.
Шести круг. Загатката на велшкиот магионичар.
Додека Ван Гал размислува како да замине во пензија, Рајан Гигс полека се спрема за инаугурација. Неговото именување изгледа веќе решено прашање. Можно е Велшанецот, кој беше врзан за Депај како неговиот главен тренер да крене раце од фудбалерот кој покажува импотенција во акциите на менторот на теренот.
Се верува дека кога Ван Гал ќе го напушти Манчестер и ќе го понесе со себе очајниот дух, Рајан Ггис ќе донесе нешто свежо и сочно. Но Депај не може да биде сигурен дека тој ќе биде на коњ со новиот тренер. Гигс не е баш одушевен од Холанѓанецот, така што Мемфис ќе мора да заигра како треба до неговото именување.
Седми круг. Враќање на принцот Герет.
Сè повеќе се пишува околу тоа дека Манчестер Јунајтед сериозно фрлил око на Бејл. Ако е така, тогаш Мемфис Депај ќе може да го спакува куферот Луи Витон и да избега од ѓаволската дупка. Со таква конкуренција нема што да бара на Олд Трафорд, затоа што имаат речиси исти играчки карактеристики со тоа што искусниот Бејл ја знае Премиер лигата како самурај својот меч.