Деби гол на Депај во Бразил кој ќе го памети цел живот
После кариера во клубови како Манчестер Јунајтед, Барселона и Атлетико Мадрид, Мемфис Депај на свои 30 години направи чуден трансфер и замина во Јужна Америка. На петтиот меч за Коринтијас го постигна првиот гол против Атлетико Паранаенсе кој го добија со 5:2. Велемајсторски погодок, можеби најубав во неговата кариера.