Капитенот на Македонија го запиша шестиот гол за Коњаспор сезонава на сите натпреварувања, за жал недоволен за неговиот тим да избегне пораз на гостувањето против Аланијаспор. Дефинитивно еден од најубавите оваа сезона во Турција.
Коњаспор со 5-0 го декласираше третолигашот Алиага во Купот на Турција, а во листата на стрелци се запиша и Енис Барди. Капитенот на Македонија ја опали квалитетно и го запиша првиот гол за оваа година или вкупно петти сезонава.
Уште не сме завршиле со мундијалските квалификации за овој месец. Го слушнавте ли хрватскиот коментатор на Спортклуб како го пренесе голот на капитенот на Македонија? Мислиш Лука Модриќ го даде.
Енис Барди го запиша вториот погодок за Коњаспор во новата сезона на четвртиот првенствен натпревар. Капитенот на Македонија одлично се снајде во шеснаесетник и го израмни резултат против Аланијаспор на 1:1 во 51 минута. Сепак гостите во 79 минута ги поставија конечните 1:2.
Турците ја стартуваа новата сезона. Највисокиот триумф го забележа Коњаспор на гости против Ејуп од 1:4. Енис Барди дебитираше со гол од пенал. Душмански го изведе.
Капитенот на Македонија постигна втор гол во дресот на Бодрумспор, овој пат во четвртфиналето од Купот на Турција. Но од респект кон неговиот довчерашен клуб, не сакаше да слави. Трабзонспор ја доби пресметката со 3:2 и оди понатаму.
Со завршувањето на 2. коло од Лига на нации, УЕФА прашува кој гол е број 1? Конкуренцијата е голема, бидејќи паднаа четири квалитетни голчишта, а стрелци се Енис Барди, Јусуф Поулсен, Бенџамин Шешко и Ѓорги Кочорашвили.
Македонската фудбалска репрезентација, колку толку се извади за срамот против Фарски острови и освои многу важни и неопходни 3 бода против Ерменија. Прекината е серијата од 7 меча без победа.
Трабзонспор го доби Газијантеп со 4:2 и тоа после голем пресврт во вториот дел. Гостите на полувреме имаа 0:2, но примија 4 комада за само 18 минути. Онуачу постигна хет-трик, а Енис Барди со прекрасен удар го матираше голманот кој немаше шанси.
Со Енис Барди тешко се излегува на крај ако ја зафати убаво од слободен удар. На дуелот против гигантот Фенербахче кој Трабзсонспор го загуби со 2:3, капитенот на Македонија влезе во игра на стартот на второ полувреме и во 62-ра минута го нокаутираше голманот. Ова му е петти гол сезонава.
Три кола откако славеше против Хатајспор, капитенот на Македонија одново е стрелец за Трабзонспор кој по 75 минути игра водеше со 4:1 против Фатих Карагумрук. Барди го израмни резултат во првиот дел со волеј, ама и многу среќа.
Капитенот на Македонија го одигра цел натпревар против Кашимпаша и му подари маестрална асистенција на Енис Дестан кој го отвори резултатот по 19 минути игра. Но гостите направија пресврт и славеа 2:3. Трабзонспор е трет на табела со 23 бода заостанување зад Фенербахче и Галатасарај.
На цвечената церемонија во Лондон, ФИФА ги додели наградите за најдобрите во изминатата година. Победи Меси кој заврши со ист број на бодови заедно со Халанд.
И покрај тоа што резултатски, како четвртопласирани во група, ова не можат да бидат сметани за успешни квалификации, сепак останува онаа лична сатисфакција за нерешените 1:1 против Италија и Англија. Водството на полувреме синоќа донесе голема радост на преполнетите трибини.
Трабзонспор има големи 3:0 во турското дерби над Бешикташ. Енис Барди не е меѓу стрелците, но е најзаслужен за првиот гол кој го постигна Пол Онуачу. Сè изработи како што треба и му ја даде на тацна.
Во 2016-та водевме 2:1 дома и едвај нè победија, па им одигравме 1:1 во Торино. Лани Трајковски ги потепа, а викендов Барди ги дотепа. Не може да се откачат од нас. Погледнете ги колку се гневни.
Трабзонспор одигра ефикасен меч на гостувањето против Гиресунспор кој го совлада со 2:4. Енис Барди го постигна погодокот за 0:2 и тоа му е шести сезонава. Инаку на две кола до крај Трабзонспор се шести на табела, без шанси за излез во Европа, а Галатасарај ја осигура титулата број 23.
Трабзонспор одигра 1:1 на гостувањето против Анкарагучи во последното коло пред Мундијалот, а единствениот погодок за гостите го постигна Барди кој реагираше одлично пред гол, како да игра 9-ка. Четврти погодок за македонскиот репрезентативец сезонава во дресот на турскиот прволигаш.
Трабзонспор го декласираше Монако со 4:0 во 4. коло од Лига Европа, натпревар на кој македонскиот репрезентативец, Енис Барди блесна од својата омилена позиција. Знаете кој друг има направено ваква мангупарија така? Роналдињо, Меси и Тони Мицевски. Толку се.