
Енис Барди погоди во 77 минута од мечот и ја потврди победата на својот тим на конечни 2:0, откако резултатот на стартот од второто полувреме го отвори Трезеге.
Македонскиот репрезентативец на додавање на Дестан, повлече низ средина и потоа со прекрасен удар од околу 20 метри го матираше голманот на Хатајспор.
𝐄𝐧𝐢𝐬 𝐁𝐚𝐫𝐝𝐡𝐢 🎯 pic.twitter.com/LQAU3FGQex
— Trabzonspor (@Trabzonspor) February 12, 2024
Ова за него е трет погодок сезонава и прв после септември кога беше двоен стрелец над Кашимпаша.
Трабзонспор е трет со 40 бода, а со исто бодовоно салдо е и Бешикташ.