И покрај тоа што имаше шпекулации за кам бек во Шпанија, а се споменуваа и Динамо и Хајдук, Енис Барди одлучи да ја продолжи кариерата во турскиот фудбал.
Македонскиот репрезентативец слета денеска во Бодрум, каде прво треба да оди на лекарски прегледи, па на потпис.
Трансферот го потврди и самиот клуб на социјалните мрежи. Деталите не се познати. Се знае само дека Барди заминува како слободен агент откако Трабзонспорт повеќе не сметаше на него.
Заминува после три сезони во кои имаше 95 настапи и 64 гола.
За него ова ќе биде петти клуб во кариерата, која ја почна во Преспа Бирлик во Шведска. Потоа замина во Ујпешт од Унгарија, а од таму направи трансфер во Ла Лига каде се прослави во дресот на Леванте.
Инаку Бодрум ја игра првата сезоната во турската лига од формирањето и се наоѓа на 16-та позиција. Целта им е да обезбедат опстанок.
#SONDAKİKA Enis Bardhi, Bodrum FK’da. pic.twitter.com/FhedrfHMSB
— 61saat (@61saat) January 24, 2025
✅ DONE DEAL
— Transfermarkt.com.tr (@TMtr_news) January 24, 2025
Bodrum FK, Enis Bardhi'nin lisansını çıkardı.
➡️ https://t.co/Syk9AvLu3R pic.twitter.com/UlxdXruMCg
✍🏻 Kulübümüz, son olarak Trabzonspor forması giyen Enis Bardhi ile sezon sonuna kadar sözleşme imzalamıştır.
— Sipay Bodrum FK (@Bodrumspor_AS) January 24, 2025
Ailemize hoş geldin Bardhi! 💚🤍 pic.twitter.com/lhjs5RTB0y