За кого гласаа Барди и Милевски на ФИФА наградите?

На цвечената церемонија во Лондон, ФИФА ги додели наградите за најдобрите во изминатата година. Победи Меси кој заврши со ист број на бодови заедно со Халанд.

Критериумите за освојувањето на ФИФА наградите се однесуваат на успесите направени во периодот од 19 декември 2022 до 20 август 2023.

Наградата за играч на годината отиде во рацете на Лионел Меси кој освои 48 бода, исто колку Халанд, а на третата позиција заврши Мбапе со 35 бода.

Во тесната трка, Аргентинецот победил затоа што добил повеќе поени од гласовите на капитените и селекторите.

Инаку ниту еден од тројцата македонски претставници кои имаа право на глас, не му ги дадоа гласовите на Меси.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди му дал 5 поени на Халанд, 3 на Мбапе и само 1 на Меси.

Селекторот Боби Милевски се одлучил да гласа за тројца играчи на Манчестер Сити по редоследот: 5 поени за Халад, 3 за Алварез и 1 за Родри.

Новинарот Мијалче Дургутов му дал 5 поени на Халанд, 3 на Де Брујн и 1 на Брозовиќ.

Инаку признанието за најдобар тренер го освои Пеп Гвардиола, а за најдобар голман Едерсон.

Ферплеј наградата ја доби бразилската репрезентација за поддршката на Винисиус во борбата против расизмот, додека наградата за гол на годината ја доби Гиљерме Мадруга од Ботофаго.

Во женска конкуренција, Ајтана Бонмати беше избрана за најдобра фудбалерка, најдобар тренер е Сарина Вигман, а најдобар голманка Мери Апс.

Инаку како што може да се забележи на фотографијата, ниту еден од Меси, Халанд и Мбапе не се појавил на церемонијата.

Водителот Тјери Анри на крај направи штос на бина и ја зема наградата на Меси. Моментот е на 2:00 на видеото.

 

16 јануари 2024 - 08:50