Во вечерта кога кралскиот клуб ја освои 34. шампионска титула, македонскиот репрезентативец постигна два гола и беше главен творец на триумфот на Леванте на гостувањето кај Селта Виго со 2:3. Барди го одигра 100. меч во Ла Лига и стана најдобриот странски стрелец во клупската историја со 18 гола.