Најголемата заработка падна кај Мајорка на која добро ќе и дојдат 470.000 евра во враќањето во првата шпанска лига. Пари заработени од учеството на Александар Трајковски и Мартин Валјет на ЕП 2020.
Трајковски настапи на сите три натпревари за Македонија против Австрија, Украина и Холандија, а Валјент не настапи за ниту една средба за Словачка.
Леванте и Рајо Ваљакано пак ќе инкасираат по 225.000 евра од учеството на Енис Барди и Столе Димитриевски.
Инаку овие парични средства се како еден вид компензација од учеството на фудбалерите на ЕП, како дел од договорот меѓу ЕКА (Асоцијацијата на европски клубови) и УЕФА.
Според новиот договор на овие две фудбалски тела, клубовите добиваат оштета од најмногу 9.000 евра по играч за еден минат ден на големо натпреварување.
По овој основ во Примера најмногу заработи Барселона (2,6 милиони евра), а потоа следуваат Атлетико Мадрид (2,2) и Реал Мадрид (1,9).