Енис Барди направи пенал против Реал кој доби и втор непостоечки пенал

По играње со рака на нашиот репрезентативец, Реал Мадрид поведе од пенал со 0-1, домаќините потоа израмнија на 1-1 а до крајот клубот од престолнината доби непостоечки пенал за победа.

Реал синоќа му гостуваше на 11-то пласираниот тим во Ла Лига, Леванте и славеше со 1-2 благодарение на поклонет пенал.

Најспорниот момент на мечот се случи во 78’ минута. По еден корнер на Реал при резултат 1-1, Каземиро падна како покосен од фудбалерот на Леванте Дукуре и судијата Игнасио Виљануева реши да досуди пенал без никакво размислување.

Судијата не се ни консултираше со VAR и реши да остане на својата првична одлука. Герет Бејл го реализираше пеналот, Реал победи 1-2 и освои три бода. Повторената снимка покажува дека Каземиро изглумил, дека немало контакт и дека тој го преувеличил падот (никаков допир со Дукуре немаше):

"Многу брзо свирна пенал. Јас 37 пати ја гледав повторената снимка и уште не видов нешто такво. Вториот пенал е чудесен. Ако имаше контакт, Каземиро ќе завршеше во Брза помош", рекол после мечот претседателот на Леванте Кико Каталан.

Познатиот шпански судија Итуралде Гонзалес исто се чудел на одлуката: „За мене тоа не е пенал. Каземиро сам ја постави ногата во празниот простор под ногата на Дукуре“.

Пеналот досуден над Каземиро беше втор на мечот, а првиот пенал за Реал Мадрид беше свирнат по играта со рака на Енис Барди во шеснаесетникот. 

Судијата тогаш се консултираше со VAR, снимката покажа дека имало игра со рака, а стрелец на голот беше Бензема.Навивачите на Леванте саркастично го скандираа името на претседателот на Реал Флорентино Перез после пеналот.

Во целиот случај се вмеша и Атлетико кој на Твитер напиша: „Добар почеток на Оскарите. Кој филм го бирате вие? Да ве советувам да ги гледате „Десима“ и „Ундесима“. Ги имам на DVD“, им одговорил Дани Карвахал во реплика со алузија на 10. и 11. титула на Реал Мадрид во ЛШ (два пати против Атлетико Мадрид).

На социјалните мрежи Каземиро го поврзуваат со Бускетс. Ја памтите легендарната фотографија на играчот на Барса од полуфиналето на ЛШ 2009/2010 со Интер?

Во вториот дел Леванте израмни по сјајната комбинација и стрелец беше Рохер Марти. Тој стана првиот фудбалер кој му дал на Реал два гола на два различни меча сезонава.

Во текот на мечот имаше уште два спорни моменти: Моралес падна во шеснаесетникот по еден дуел со Карвахал а Варан играше со рака на граница со шеснаесетникот на Реал. Во двата моменти судијата не даде пенал, а стручниот коментатор Итуралде Гонзалес се сложил со одлуките на судијата за овие два моменти.

Во последните неколку минути Виљануева покажа два црвени картони. Прво Начо, стоперот на Реал фраулираше противнички играч и доби втор жолт картон, а после тоа судијата го исклучи и Рубен Рочин кој исто веќе имаше жолт картон а за жесток протест доби и втор жолт автоматски црвен.

25 февруари 2019 - 09:47