Леванте конечно го запиша премиерниот сезонски триумф во Ла Лига откако со 2:0 ја совлада Мајорка, а мечот го решија Роберто Солдадо во 47-ма и Хозе Луис Моралес дури во 97-ма минута.
Гостите можеа да внесат голема неизвесност во последните 20 минути од средбата, но во 69-та минута не реализираа пенал.
Барди беше стартер, одигра 85 минути и беше асистент први првиот гол, а акцијата и асистенцијата до Солдадо беа мајсторија за гледање.
Го нападна еден, втор, па трет, откако прими топка од голманот, но македонскиот репрезентативец им покажа кој е газда во средина и потоа со магичен потег го пронајде Солдадо.
Леванте и покрај победата и натаму е убедливо последен во шпанската елита со 11 бодови од 20 одиграни натпревари и го очекува грчевите битка за опстанок.
Солдадо стана трет фудбалер во Ла Лига кој успеал да постигне гол со седум различни екипи.
7 - @R9Soldado become third player in @LaLigaEN history to score in the competition with seven different clubs (Real Madrid, Osasuna, Getafe, Valencia, Villarreal, Granada and Levante), equalling Miquel Soler and Carlos Aranda. Globetrotter. pic.twitter.com/ar6yJ6HL3b
— OptaJose (@OptaJose) January 8, 2022