Во Шпанија во недела на 10 ноември се одржуваат избори, а Фернандез бил избран за набљудувач во неговото родно место Мондрагон, близу Билбао.
Тој бил известен дека мора да се појави во 8 сабајле на отворање на гласачкото место и да регулира дали се е во ред. А најинтересно е што дента од 14:00 тој има меч во Ла Лига против Атлетик Билбао.
Оние избрани набљудувачи кои сакаат да се откажат од обврските, должни се се за тоа да имаат убедливо оправдание.
Леванте приложил барање нивниот голман Аитор Фернандез да биде ослободен за да може да игра, но месната изборна комисија сметала дека нивното барање е недоволно уверливо и дека мечот може да се одигра и без Фернандез.
Целата ситуација ја закомпликувал фактот што вториот голман на Леванте, Ојер Олазабал е повреден и тоа значело дека ќе мора да брани третиот резервен голман.
„Клубот работи на тоа. Мора да чекам. Во целост сум концентриран на мечот и уверен сум дека ќе играм. Ако ништо друго, ќе преспијам дома во родниот крај, ќе одам сабајле на избори, а после со кола ќе дојдам до „Сан Мамес“, рекол Фернандез.
Неговото родно место Мондрагон е на 50 минути од Билбао и стадионот на Атлетик.
Но Леванте успеал на крај да ја убеди Државната изборна комисија. Со другите играчи немале таков проблем: бекот Хорхе Мирамон исто го избрале за набљудувач во Сарагоса, но месната локална комисија на барање на клубот без проблем го ослободила од обврските и му нашла замена.
Леванте го оспорува решението и со случајот од 2015 година, кога најдобриот играч на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс требал да биде на гласачко место на ден на мечот со Леванте! Но го ослободиле, тој не само што играл туку и дал гол во победата на Баскијците од 2:0.
Интересно, сите Шпанци кои се наоѓаат на избирачкиот список со право на глас, може да бидат да викнат на избирачко место како набљудувачи и за тоа се платени по 65 евра.
Во Шпанија се одржуваат втори генерални избори од април годинава и четврти во четири години поради конституционална криза. Актуелниот премиер Педро Санчез, чии социјалисти добија најмногу гласови на претходните избори, во септември закажа избори за 10 ноември.