Во 6 минута од судиското продолжение Кореа направи акробација за 1:1, но голот беше поништен поради фаул во напад.
Гостите можеа да поведат уште во првиот дел, но Облак беше феноменален во играта еден на еден.
Само 60 секунди после ножичките на Кореа, Леванте испушти лудорија од погодок за 0:2.
Инаку славеше со голот на Мелеро во 54-та минута. Енис Барди беше стартер и сменет во 62-ра минута.
Со овој изненадувачки резултат, Леванте и направи услуга на Барселона во битката со Атлетико за ЛШ, ама многу касно почна да си прави услуги за себе. Закован е најдоле и многу тешко дека ќе се спаси од испаѓање.