14.610 навивачи на Леванте нема евро да потрошат следната сезона за домашните натпревари, а ќе можам да ги гледаат сите. Како така?
Клубот одлучи да ги почести со гратис годишна карта сите корисници за годишни карти кои минатата сезона не пропуштиле ниту еден првенствен натпревар на Леванте на свој терен.
Тоа значи дека оваа привилегија ќе ја имаат 11.272 возрасни навивачи и 3.338 деца кои лани биле на сите 19 мечеви дома.
Според официјалните податоци на Ла Лига на стадионот Сиудад де Валенсија која има
26.354 места, во сезоната 2018/2019 во просек доаѓале по 19.667 навивачи или 80,56% од вкупниот капацитет.
И тоа не е сè. Леванте уште од сега најави каков бенефит ќе имаат најверните навивачи за сезоната после оваа што ќе почне во август.
Секој што ќе се појави на стадион на сите 19 домашни средби во сезоната 2019/2020 и стане акционер најдоцна до 30 август, за сезоната 2020/2021 ќе добие 60% попуст за сезонска карта.
За децата важи истиот попуст со таа разлика што треба да изгледаат минимум 15 натпревари и не мора да бидат акционери.
Во однос на цените за годишни карти има повеќе категории и тие се движат од 135 до 640 евра.