Енис Барди во моментов е најкапиот играч на Леванте со пазарна вредност од 13,9 милиони евра, објави швајцарската фудбалска опсерваторија (CIES).
Иднината на македонската репрезентација на стартот на минатата сезона вредеше 6,8 милиони евра, но откако направи дар мар во шпанскиот фудбалски шампионат, цената логично му порасна и тоа дупло.
И да не сме и да сме пристрасни, сепак ова дете вреди да го величаме, бидејќи тоа го диктираат фактите.
Барди е играч од среден ред кој во својата деби сезона во Шпанија постигна 9 гола, а на листата на стрелци зад себе остави звучни имиња како Кутињо 8, Иско 7, Асенсио 6, Бензема 5, Крос 5, Коке 4, што воопшто не е мала работа.
Кој би рекол дека уште во неговата прва сезона во Ла Лига ќе остави толку силен впечаток со кој заслужено е највреден играч во тимот. Медиумите не штедеа зборови за него, а меѓу насловите имаше и еден кој гласеше вака:
Новиот Дејвид Бекам игра во Леванте и е снајперист со милиметарска прецизност.
Шлагот на неговата успешна деби сезона беше претпоследното коло во кое Леванте ја шокираше Барселона со 5:4, а тој беше стрелец на два гола. Насловните страници грмеа, бидејќи во последните 15 години никој не успеал да ја тресне Барса со петарда, а тоа за нас ќе остане запаметено бидејќи двоен стрелец беше македонски репрезентативец.
Работите со Барди отидоа до таму што статистички влезе во друштво на Меси.
Enid Bardhi (22) has scored six LaLiga goals from outside this box this season.
— Scouted Football (@ScoutedFtbl) May 13, 2018
Lionel Messi • 8 • is the *only* player with more.
Bardhi loves bangers, pass it on. pic.twitter.com/q8jC10Svho
Во топ 10 голови на сезоната во Ла Лига, Барди го има два пати.