
Енис Барди ја игра сезоната од соништата. Пред 20 дена успеа да постигне два гола од слободен удар, минатото коло повторно го намести нишанот од прекин, а вечерва со својот Леванте ја урна големата Барселона учествувајќи со два погодока.
Играчот за врска на македонската репрезентација сезонава дебитира во шпанскиот фудбалски шампионат со извонредна бројка од 9 погодоци. Овој пат немаше мајсторија од слободен удар, но одигра одличен натпревар и постигна два прекрани погодоци.
Првиот е за издвојување поради начинот на кој го матираше Тер Штеген
А вториот има тежина бидејќи сам ја повлече контрана, а на крај беше и егзекутор.
Сите 9 гола