Нова мајсторија на Барди од слободен удар

Ниту Меси ниту Кристијано Роналдо сезонава не шутираат слободни удари како македонскиот репрезентативец. Вечерва против Леганес на гости Барди даде ефектен гол од прекин во 59’ минута за 0-2 за Леванте.

Барди неодамна влезе на вечната листа фудбалери во шпанската Ла Лига кои дале два гола од слободен удар на еден натпревар. Вечерва се најде на уште една неверојатна листа со великани како Роналдињо и Меси кои дале најмалку пет гола од слободен удар во една сезона.

Вечерашниов гол на Енис Барди беше негов седми сезонава на 25 натпревари од кои 5 од слободен удар и трет на последните три натпревари. Интересно, на мечот Фахад Ал Мувалад од Леванте стана првиот играч од Саудиска Арабија што заиграл во најдобрата шпанска лига. Го замени јунакот на мечот Енис Барди во 79’ минута.

7 мај 2018 - 22:19