Дваесет и седум минути им требаа на македонските фудбалери да го скршат отпорот на тоталниот аутсајдер Гибралтар. Резултатот го отвори 23-годишниот фудбалер на Леванте, Енес Барди со прекрасен гол.
Ниту Меси ниту Кристијано Роналдо сезонава не шутираат слободни удари како македонскиот репрезентативец. Вечерва против Леганес на гости Барди даде ефектен гол од прекин во 59’ минута за 0-2 за Леванте.
Македонскиот фудбалски репезентативец влезе во историјата на шпанската Примера откако вечерва во само две минути даде два ефектни гола од слободен удар за да му донесе водство на Леванте на тешкото гостување против Атлетик Билбао.
Познатите светски букмејкерски сајтови ја сметаат селекцијата на Македонија за тотален аутсајдер, но нашите бисери покажаа дека најдобро се снаоѓаат во таквата улога и може да бидат „нагазна мина“ за фаворитите.
Ако некогаш бевме навикнати на вестите од извештаите на Македонија У21 која редеше пораз до пораз, во категоријата на фудбалери до 21 година веќе две години атмосферата е сосема поинаква.
Репрезентацијата на Македонија У21 како ретко кој спортски колектив ја израдува земјава. Импресиите за маестралните настапи на дечките уште не стивнуваат, а допрва ќе исчекуваме против кој ќе играат на Европското првенство.