Чудо на Енес Барди, два гола од слободен против Атлетик

Македонскиот фудбалски репезентативец влезе во историјата на шпанската Примера откако вечерва во само две минути даде два ефектни гола од слободен удар за да му донесе водство на Леванте на тешкото гостување против Атлетик Билбао.

Барди првиот гол го постигна во 42' минута:

А вториот во 44' минута од буквално иста позиција:

Вечерашниот подвиг го прави Барди прв играч во Ла Лига по 2012-та кој дал два гола од слободен удар на еден натпревар. Последен пред шест години два гола од прекин дал Бењат од Атлетик Билбао против Севиља. Ова беше шести гол на Македонецот сезонава од кои четири беа од слободен удар што е права реткост во европскиот фудбал.

Страната Opta која се занимава со детална фудбалска статистика објави дека Барди е најдобриот изведувач на слободни сезонава во Примера. Македонецот има четири гола од прекин од 15 обиди што го прави најдобар шутер, подобар и од Меси кој има 6 гола но од 46 обиди и од Кристијано Роналдо кој нема ниту еден гол од слободен удар сезонава а извел 14.

Во најубавата ноќ сезонава за македонските интернационалци Горан Пандев даде чудесија од гол против Верона. 

23 април 2018 - 22:30