На дуелот меѓу Нант и Лориен, домаќините поведоа буквално после минута ипол и водеа сè до 87' минута кога топката за слободен удар од 40 метри не ја намести Арман Лориенте. На ова може капа да му симне и легендарниот Бразилец Жунињо.
22-годишниот крилен напаѓач на Лориен има 3 гола сезонава. На крајот од февруари постигнал 2 гола против Сент Етјен од кои еден исто од фантастичен слободен удар.