Елиминацијата на големите екипи од малите во Купот не е непозната појава. Лестер, доскорешниот шампион на Англија сензационално изгуби од четвртолигашот Њупорт со 2-1 и испадна од ФА Купот.
Фулам изгуби 1-2 дома од четвртолигашот Олдам (Лига 2) и го доживеа најголемиот срам заедно со Лестер. Извесен Џејми Блајт ја чекал уште Фулам на ливче за 855 фунти (околу 1.000 евра).
Во 52’ минута тимот предводен од Клаудио Раниери поведе со 1-0 со голот на Одои, но Сем Стариџ во 76’ од пенал и Калум Ланг во 88’ направија сензационален пресврт за триумф сред „Крејвен Котиџ“.
За малерот на Блајт да биде поголем, при резултат 1-1, најдобриот стрелец на Фулам, Александар Митровиќ промаши пенал (голманот Иверсен му го одбранил) за водство на својата екипа. Мечот заврши 1-2 и Фулам испадна од полу-професионалците од Олдам.
Набрзо после мечот Блит го објавил тикетот на Инстаграм и го тагнал српскиот репрезентативец: „855 фунти за промашениот пенал“.
На општо изненадување на сите корисници, некогашниот фудбалер на Њукасл, Партизан и Андерлехт му одговорил: „Нема проблем, другар“, очигледно не сфатил за што станува збор. Блајт му реплицирал: „Значи дека изгубив 855 фунти“, а Митро му одговорил: „Да, знам“ и му фрлил уште толку сол на раната.
Некои од неговите пријатели пробале да го утешат и му пишале дека одговорот од Митровиќ е бесценет.