Скоро да нема редовен обложувач кој не слушнал за маалскиот муабет: „Утнал пенал во 90-та? Прати му го ливчето да ти ги исплати парите сега“. Овој муабет се случил и во реалноста и тоа после натпревар од англискиот ФА Куп.
Откако како гром загрме веста дека Прилепчанец фатил преку половина милион евра, целиот Балкан на големо пишува за мајсторот од градот под Маркови кули. Ване даде интервју и за компанијата која што ќе му исплати вреќи пари.