Ване Лесновски има 48 години и живее во Прилеп. Првото прашање кое само по себе се наметнува е: Како мајсториште, како? Од каде тоа на ум?
„Ова не е случајно. Стално гаѓам големи добивки, а сега имав чувство дека ќе остварам огромна добивка. Во претходните година ипол неколку пати бев на чекор од големи суми, но не отстапував. Знаев дека кога тогаш ќе пројде, и еве, се случи“, вели Ване.
Необично, Ване тикетите ги уплатил пред еден месец, поточно ги врзал паровите кои се играа за седум недели.
„Секогаш мирно типувам. Играм со студена глава и рационално, никогаш навивачки. Внимателно анализирам се, гледам статистика, меѓусебни дуели и следам некој свој инстинкт. Пре една година фатив 25.000 евра, мислам исто беше во февруари, изгледа дека тој е мојот среќен месец“, вели Ване кој ја доби најголемата рекордна добивка во обложувалниците ширум Европа, во однос на влогот.
Ване открива интересен момент поврзан со човекот кој на некој начин му го донесе ливчето и неверојатната сума пари. Давид Де Хеа, голманот на Манчестер Јунајтед правеше чуда против Севиља и бранеше топки кои сите ги видоа во голот.
„Благодарен сум му на Де Хеа до крајот на животот! Го нарачав неговиот дрес преку интернет, сакам да го урамам и да го ставам на ѕид во дневната соба. Заслужи човекот“, вели Ване Лесновски, европскиот рекордер за кого збори цел континент.
Фото: Mozzart