Шахид Кан е роден во 1950 година во Лахор, главниот град на провинцијата Пенџаб во Пакистан. Роден е во семејство од средна класа, татко му бил адвокат кој имал дури седум жени, а мајка му на Шахид била професорка по математика.
Во 1967 година на само 16 години Шахид во договор со родителите решава да се пресели во САД и таму да бара спас од пакистанското секојдневие.
По извесно време го запишале на Универзитет каде дипломирал индустриски инженеринг. Како што давал испити така и работел по две-три работи (миел садови за 1 долар на час) за да опстане.
КАКО НАПРАВИЛ ПАРИ?
За некое чудо Шахид Кан мошне брзо успеал заштедените средства во 1980-та да ги вложи во купување на фирмата на еден негов поранешен работодавач која била пред колапс и за кратко време да ја крене на нозе и да стане единствен доставувач на Toyota за САД.
За 30 години компанијата стигнала до неверојатни 12.450 вработени! Имала 48 производствени погодни низ Америка со годишна заработка од околу 2 милијарди долари!
Во 1991 година Кан добива американско државјанство а во 2012 неговиот лик се најде на насловната на реномираниот Forbes кој се занимава со најбогатите луѓе на светот.
ПРВО ВО НФЛ ПА ВО ПРЕМИЕР
Во 2011 година Кан остварил уште еден голем сон од младоста - како љубител на спортот ја купил франшицата Џексонвил Јагуарс (американски фудбал) за околу 760 милиони долари.
Две години подоцна неговиот брод „се закотвил“ во Англија каде фудбалот (фудбал а не сокер) е спорт број еден. Од фамозниот Мохамед Ал-Фајед (татко на Доди, партнерот на Лејди Ди) Кан го купува клубот Фулам за 200 милиони долари!
Покрај тоа што купува спортски клубови, Кан важи и за човек кој сака да ужива во лускузот. Во 2006 потрошил околу 8 милиони долари за надграден апартман (penthouse) во кој му направиле тоалети од злато.
Набрзо посакал мега јахта со сите салтанати на неа меѓу кои и сребрена статуа од јагуар на предниот дел од јахтата.
The Jacksonville Jaguars owner Shahid Khan has a 3D printed jaguar on the bow of his $112 million dollar yacht pic.twitter.com/xki9dX7i3D
— Jorie (@JorieBabs) March 23, 2018
Jaguars owner Shahid Khan's $200M, 312-foot yacht parked in Miami. Here's a view at night with interior pic.twitter.com/WCvXmrxQ3N
— Darren Rovell (@darrenrovell) January 2, 2016
Интересно е што Шахид Кан ден-денес натпреварите ги гледа на телевизија, исто како и кога миел садови на 16 години во Америка, со една разлика што клубовите што ги гледа сега се негови. И наскоро негов ќе биде и најубавиот и најважен стадион во Европа.
Во случај англискиот фудбалски сојуз да ја прифати астрономската понуда од 800 милиони фунти, тоа ќе значи дека репрезентацијата ќе остане без легендарниот дом каде ги игра сите свои натпревари и ќе треба да се сели од стадион на стадион.
Богатството на Шахид Кан се проценува на околу 5 милијарди фунти но и покрај тоа британската влада барала гаранции дека Вембли ќе остане дом на „Гордиот Албион“.
„Вембли засекогаш ќе остане дом на англиската фудбалска репрезентација“, одговорил Кан кој очекува договорот да се реализира до август пред да се игра Комјунити Шилд (англискиот Супер Куп).
После 44 кола во англискиот Чемпионшип, неговиот Фулам е трет со 85 бода, на само еден бод зад Кардиф кој е на местото кое директно води во Премиер лига.