На 2 јануари се одиграа вкупно седум натпревари на островот, четири во Премиер лигата и три во Чемпионшип и замислете дури три од нив завршија со пресврт.
Саутемптон - Кристал Палас, 1:0 полувреме, 1:2 крај
Вест Хем - ВБА 0:1 полувреме, 2:1 крај
Фулам - Ипсвич 0:1 полувреме, 4:1 крај.
Последниот меч беше скроз најлуд и нè потсети на Роберт Левандовски кој лани даде 5 гола за 9 минути.
Ипсвич со гол во последните мигови од првото полувреме стигна до водство, но во вториот дел им се случи дебакл. Прво во 54-та минута добија црвен картон, а потоа за само 7 минути успеаа да примат дури 4 голови.
Блекаутот им траеше од 69-та до 76-та минута кога Сесењон и Камара стрелаа по два пати. Инаку Рајан Сесењон има само 17 години и е на мета на Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Евертон и Лајпциг.
На 21 ноември 2017-та малиот на својот 50-ти настап за Фулам постигна хет-трик на гостинската победа од 4:5 против Шефилд Јунајтед и со тоа стана првиот 17 годишник со три гола на еден меч во англискиот фудбал после Деле Али во 2014-та.
69' Рајан Сесењон
Get in Ryan!!! 1-1, game on. Come on boys, get the win now pic.twitter.com/AY7wlUcEMh
— KeithG (@kgaskin71) January 2, 2018
72' Абубакар Камара
Get in Kamara, 2 goals in a few minutes. Come on Fulham!!!!! 2-1 pic.twitter.com/g7GmJY2nMk
— KeithG (@kgaskin71) January 2, 2018
74' Рајан Сесењон
Unreal from Cairney... Sessegnon 3-1 #ffc #coyw pic.twitter.com/3apG06YyDy
— ethan (@Ethan_Ferrao) January 2, 2018
76' Абубакар Камара
4-1 I can’t believe this 😂😂 4 goals in 7 minutes #ffc pic.twitter.com/aMRKawQ1z9
— ethan (@Ethan_Ferrao) January 2, 2018