Мечот Ипсвич - Шефилд Венздеј од англиската Лига 1 заврши нерешено 1-1, а веќе два дена се зборува за еден момент од од овој дуел. Во 90-та минута домашните во самиот финиш израмнија со гол на шпицот Меколи Бон кој вешто го сочека гостинскиот голман Пикок Фарел.
Убаво е чувството кога умееш вака да го изработиш голманот, ама не и кога нема да го употребиш мозокот, односно главата за да ја сместиш во гол. Се истепа и со топката и со стативата. Ипсвич - Челтенхам.
Во англиската Лига 1 (трета во хиерархијата), Ипсвич Таун изгуби дома 0-1 и тоа поради смешниот автогол на Марк МекГинис во 69' минута од мечот. Да сакаше да ја удри вака немаше да успее.
Ипсвич е единствениот тим во најдобрите европски лиги кој успеал да ја освои титулата уште во прва сезона откако од втора лига влегол во прва. Титулата ја прославиле на 28 април 1962 година кога го шокирале фудбалскиот свет.
Френк Вортингтон бајаги долго играл во англискиот фудбал. Од 1966 до 1991 сменил преку 23 клуба. Секаде бил расен стрелец, особено во Лестер и Болтон. На еден меч за Болтон против Ипсвич (2:3), го постигнува еден од најубавите голови на Островот.
Тајрон Мингс (26) го импресионирал Гарет Саутгејт со игрите во Премиер лига, па решил да му даде повик за квалификациите за Европско првенство 2020. Тајрон првпат ќе игра за Англија, а неговиот животен и фудбалски пат е просто неверојатен.
Легендата Биелса е толку голем цар што во неделата прво им нареди на своите играчи да се тргнат на страна за Астон Вила несметано да даде гол поради тоа што Лидс претходно неферски поведе со 1-0, а после мечот на конференција искрено кажа дека не може да го изговори правилно Ипсвич.
Навивач на Ипсвич, извесен Лук на својот профил објавил фотографија на која баба му е затворена во кафез и напишал дека нема да ја ослободи додека клубот не ангажира одбранбен играч.
Не е само Боксинг деј празник на кој Англичаните знаат да се изнапукаат со голови. Внимавајте како ја почнаа годината фудбалерите на Фулам и тоа со помош на дете родено 2000-та година за кое гризат Реал и Манчестер Јунајтед.
Навивачот на Ипсвич, Рос Морган толку се израдувал кога неговата екипа израмни во саботата против Норвич што од радост го дупнал таванот во дневната соба. Стрелецот на голот, Пол Андерсон се понуди да ја надомести штетата.
Се мислевме дали да го сместиме во рубриката Офсајд лик, заради тоа што за приватни работи се фали по социјални мрежи, но сепак делата на младичот се на место, а за тоа доби пофалби и на БиБиСи.