Вообичаена, скоро редовна слика од фудбалските терени е противничките играчи (имаше и случки на соиграчи) после груб прекршок да се внесат лице во лице еден со друг.
Ама незабележано е судија да му се пушти на играч. До синоќа, кога Дарен Дриздејл му се сипа во лице на Алан Џаџ на мечот Ипсвич - Нортемптон Таун.
Во 90' минута пред крајот од средбата, судијата му се внесе во глава и дури и го допрел во лице Џаџ.
„Во целост разбирам дека судијата секогаш мора да остане смирен и со играчите мора да комуницира на професионално ниво. Жал ми е што не постапив така“, изјавил Дриздејл кој го чека казна од фудбалската асоцијација на Англија.
Welcome to #CelebrityRefs, Mr Darren Drysdale.
— Celebrity Refs (@CelebrityRefs) February 16, 2021
(via @charlescommins)pic.twitter.com/eYHr0WJRvY
На целиот случај му претходеше расправија на судијата со играчи од двата тима и жолт картон за Џаџ поради наводна симулација во желба да изглуми пенал. Црвен картон во тие моменти доби Флин Доверс поради навреди кон судијата.
А фудбалерот Џаџ после мечот ги смирил страстите.
„Искрено судиите имаат тешка работа, многу работи може да се случат во жар на борбата. Не барав ниту сакам судијата да ми се извини, не сакав ниту некој да го обвини ниту да поднесам жалба на неговото однесување и тоа на сите им го реков после натпреварот“, изјави фудбалерот кој за малку ќе добиеше глава од судијата.