Да се биде меѓу најверните навивачи во земјата во која е основан фудбалот и кој се сака безвременски значи навистина да сте направиле некој животен подвиг.
Рис Оутс (26) е централен напаѓач во петтолигашот Хартелпул (клуб познат на редовните ветерани од кладилница). На дуелот против Мејденхед Јунајтед Оутс постигна гол за 1:1 во 29' минута после луд продор.
Лејтон Ориент, клуб познат воглавно на љубителите на тикети во кладилници, игра во Лига2 (четврта дивизија во англиската фудбалска хиерархија). Во саботата Лејтон играше дома против Мансфилд (2:2), а поради тоа што во Англија и натаму се игра без публика, некои навивачи на Лејтон решиле да искористат поволност што до самиот стадион има станбена зграда, па изнајмиле стан да гледаат фудбал во живо.
Ај што им даде три гола на гости, ај што одигра неверојатна партија, туку слаломот кој го направи за третиот гол стварно потсеќа на најлудите продори на Лионел Меси. Дечково се вика Чарлс Вернам, игра за Гримзби, а синоќа против Колчестер на гости (2:3) правеше дар-мар.
Дечково се вика Хирам Боатенг. Игра во Ексетер (2 англиска дивизија или 4-та во хиерархијата). Во саботата неговиот тим со 2-0 го совлада Порт Вејл, а голот што го даде Хирам беше можеби најубав во сите европски лиги сезонава.
28-годишниот стопер на англискиот четвртолигаш Њупорт, Фрејзер Френкс минатата недела објавил дека ја завршува професионалната играчка кариера поради проблеми со срцето, а управата и навивачите смислиле супер начин да му се најдат во неволја.
Јунакот на приказнава се вика Дерек Елстон. Последен пат пропуштил натпревар на неговиот Свиндон на 5 декември 1981 година. Дали врнело, дали било топло, дали се оперирал или немал пари за бензин - ништо не го спречувало да патува за омилениот тим.
Во Англија има место каде се случуваат чуда: Прентон (приградска населба на Беркенхед, на половина час возење до Ливерпул). Локалната гордост е клубот Транмере Роверс кој игра во четвртата лига.
По околу еден месец од стартот на најсилните европски лиги, Меси, Бензема, Нејмар, и Мбапе решетаат со по 4 гола, но има ликови кои уште не можат да погодат, како на пример Кристијано Роналдо кој треба да учи од еден голман, деветтолигаш.
Оние што се кладат на Англичани, добро знаат дека по League Two, во билтените како понуда стојат и петта и шеста англиска лига именувана како National League. Па не е лошо да ве запознаеме со една приказна од тој нисколигашки фудбал каде претседателот е сè, од тренер до дизајнер.
Пред една година никој не знаел ништо за голманот Џордан Пикфорд кој се ашкал по позајмици во нисколигашите, потоа бранеше во испаднатиот Сандерленд а денес важи за најдобар англиски голман.
Мичел Роуз, братот на познатиот англиски репрезентативец Дени Роуз доби казна од 1.000 фунти и суспензија од 5 меча поради тоа што од рака му го турна црвениот картој на судијата.
Во судиско продолжение: 3 гола, пенал и црвен картон за тотален пресврт во две минути. Дуелот е од шестата англиска дивизија а победник е домаќинот Бат Сити.
Легендата на Свонси Сити, Ли Трндол ги запрепастува гледачите во втората велшка лига каде на 40 години го носи дресот на неговиот матичен клуб, второлигашот Ланели Таун и прави чуда по терените.
Во 13-та минута од мечот Плимут - Викомб, се повредил домашниот голман Алекс Линч. Него го заменил Бери Ричардсон, кој допринел Плимут за првпат сезонава да не даде гол на домашен терен (гостите славеа 0-1).
Поради големите поплави во северна Англија, 10.000 луѓе од реонот и неколку места од Шкотска останале без струја и вода. Поради излевањето на двете реки, стадионот на нисколигашот Карлајл целиот бил под вода, а играчите и стручниот штаб на тимот решиле да им помогнат на жителите од градот.
Ако досега често ја слушавме фразата „фаулов е за во затвор“, сега може да заклучиме дека за тежок фаул навистина може да се заглави на робија. Во Англија.