Еден малечок навивач на Транмере одамна сонувал да има соба која ќе биде негов портал до светот на саканиот тим и за тоа му кажал на татко му. Овој прифатил и направил неверојатен ремонт на собата.
Од првобитниот изглед направиле чудо. На едниот ѕид стои цитат од легендата на Транмер, Џони Кинг: „Јас не можам да гарантирам успех, но можам да ветам патешествие до Месечината.“
А најјако од сè во собата е малата соблекувална. Над клупата на која обично седат играчи, таткото направил простор во ѕидот за три дресови (две домашни варијанти и една гостинска на Транмере), со презимиња на двајца центарфори и еден голман.
На столпчето висат шест пара копачки.
Фотографиите на Твитер ги споделила мајката на среќното дете. Нејзиниот пост собрал повеќе од 4.000 фејвови и повеќе од 1.000 ретвитови. Од постот биле воодушевени и потпретседателката на клубот Никола Палиос и напаѓачот Џејмс Норвуд чиј дрес ја украсува собата.
Колку убавина има во тоа што детето не трча по Арсенал, Челси, Манчестер Јунајтед или Манчестер Сити, туку го сака својот локален клуб.
Од таа причина и го викнале во клубот да им биде специјален гостин:
А најслатко во приказнава е девојчето кое му е сестра на малиот и кое има Даунов синдром и еднакво го сака Транмере Роверс.