Ликови изнајмиле стан до стадион на Ербиенби

Лејтон Ориент, клуб познат воглавно на љубителите на тикети во кладилници, игра во Лига2 (четврта дивизија во англиската фудбалска хиерархија). Во саботата Лејтон играше дома против Мансфилд (2:2), а поради тоа што во Англија и натаму се игра без публика, некои навивачи на Лејтон решиле да искористат поволност што до самиот стадион има станбена зграда, па изнајмиле стан да гледаат фудбал во живо.