Поради големите поплави во северна Англија, 10.000 луѓе од реонот и неколку места од Шкотска останале без струја и вода. Поради излевањето на двете реки, стадионот на нисколигашот Карлајл целиот бил под вода, а играчите и стручниот штаб на тимот решиле да им помогнат на жителите од градот.