Откако Натаниел Кер ѕверски го покосил Стјуарт Парсонс, судијата на аматерскиот меч во Стокпорт изјавил дека никогаш во животот не видел таков старт на фудбалски терен.
Фудаблски аматер добил 1-годишна затворска казна откако со атлетски скок намерно на две места му ја скршил ногата на противничкиот играч. Сме го гледале Гатузо, Едгар Давидс, Томас Гравесен и Јап Стам и сме виделе погубни лизгачки стартови, но тоа што се случило во англиска аматерска лига е за секоја осуда, па и за затворска.
Натаниел Џејмс Кер (27), во август минатата година тешко го повредил Стјуарт Парсонс на кој ногата му била скршена на две места и при операцијата му ставиле неколку плочки. Инцидентот се случил откако соиграч на Натаниел Кер имал расправија со Парсонс за време на мечот во Хазел Грув, Стокпорт.
Во еден момент додека Парсонс ја водел топката, Кер се затрчал и со атлетски скок со двете нозе го покосил противничкиот играч. Обвинителот Џастин Хејхо изјавил дека Кер по фаулот се свртел кон соиграчот и му рекол „Ова го направив за тебе“. Кер добил директен црвен картон, но тоа не е ништо во однос на затворската казна од една година која ќе треба да ја отслужи поради делото оценето како физички напад.
Кер ја почнал Кариерата во Кру, а подоцна играл и во нисколигашот Ротерам, пренесува Манчестер Ивнинг Њувс. Во времето на стартот, Кер играл за тимот Лонгсајт паб, а повредениот Парсонс за Емиграцискиот паб. Стартот се случил само две минути по стартот на мечот од АФЦ Голд Купот.
Кер бил уапсен неколку недели подоцна, а судот го прогласил за виновен по 20 точки. „Тој прифати дека излегол на терен со цел намерно да го повреди Парсонс. Повредата ќе има катастрофален ефект врз животот на жртвата, што значи дека тој е неспособен да работи или да го одржува неговото младо семејство. Истрагата покажа дека Кер не покажал никакви знаци на каење и дека веднаш по стартот, го навредувал повредениот кој се виткал од болки“, констатира судијата Хејхо.