Таг: фудбалски аматери

Слушнавте ли за студентите од Велс што ќе играат квалификации за Лига Европа

Најголемо изненадување на сезоната се сметаше Ајакс, но од пред неколку дена малиот Кардиф Мет Универзитет од Велс од нигде никаде му го зема приматот на славниот клуб од Амстердам.

Маалски слободен удар со петица

Еден куп разни шеми се изнагледавме кога фудбалерите се местат директно да бијат во гол. Ама ова ем е дете, ем не делува дека е професинален фудбалер, а го изведе ова кое 10 пати го пуштивме на рипит.

Ќе го пратиме локалецов на Инстаграм

Голманот на Јужна Африка, Итумеленг Куне објави две видеа од еден фудбалски терен или обид за фудбалски терен. Позитивно на видеата е еден мангуп кој им продава стварно добри финти на противниците. Го има и него на Инстаграм со уште такви видеа, а вистинското име му е Sibusiso Msibi и има 21 година. 

Червените живеат

Во новата епизода, Копа 90 раскажува за најтрофејниот бугарски клуб ЦСКА Софија, кој поради лошото раководење за малку ќе згаснеше. Червените не добија лиценца за настап во првата лига и решија да тргнат од нула. Сезоната 2015/2016 ја почнаа во третата лига, со целосно изменет состав и стручен штаб, но и со 15.000 гледачи секое коло на трибините. По првите 16 кола, ЦСКА има 16 победи, 65 дадени голови и само еден примен.

Фаулот кој го испрати во ќелија

Ако досега често ја слушавме фразата „фаулов е за во затвор“, сега може да заклучиме дека за тежок фаул навистина може да се заглави на робија. Во Англија.

Роберто Карлос бомба на аматерски меч

Јунаков кој го збибери проектилов е од Унгарија, а слушнете какво драње дадоа тие што го видоа ова во живо.

Тепачка на Сицилија заврши со вкупна казна од 59 меча

По натпреварот меѓу Виторија и Патерно во сицилијанската регионална лига, фудбалерите на двата тима се степаа во соблекувалните. Дисциплинската комисија на фудбалскиот сојуз на Италија изрече вкупно 59 кола суспензија за учесниците во тепачката.

Изгубиле 20:0 поради пораѓање на крава

Аматерски клуб од Франција имал 14 повредени играчи, па решил да повика 16-годишно момче од „младинската школа" за да имаат доволно фудбалери на теренот. На полувреме заминал голманот, па претседателот ги облекол ракавиците.

Најдобрите 100 аматерски голови

Можеби ви изгледаат многу за гледање, но нема да ги осетите. Се работи за супер интересно клипче од 4 и нешто минути, со разни фанатици за фудбал кои шутираат со многу чудни фелшови.