Изгубиле 20:0 поради пораѓање на крава

Аматерски клуб од Франција имал 14 повредени играчи, па решил да повика 16-годишно момче од „младинската школа" за да имаат доволно фудбалери на теренот. На полувреме заминал голманот, па претседателот ги облекол ракавиците.

За малерот по клубот Марли-Гамон да биде поголем се погрижил и голманот, кој работел како фармер и на полувремето разбрал дека една од неговите крави се пораѓа.

Голманот решил да го напушти натпреварот, по што на голот застанал 61-годишниот претседател на клубот, за да имаат доволно играчи на теренот. За екипата можеби било подобро никој да не брани, затоа што претседателот примил 20 голови од противничката екипа Тупињи. Марли-Гамон игра лоша сезона, затоа што од август месец досега примиле 69 голови.

 

26 ноември 2014 - 13:00