Тепачка на Сицилија заврши со вкупна казна од 59 меча
По натпреварот меѓу Виторија и Патерно во сицилијанската регионална лига, фудбалерите на двата тима се степаа во соблекувалните. Дисциплинската комисија на фудбалскиот сојуз на Италија изрече вкупно 59 кола суспензија за учесниците во тепачката.