Англиски клуб со навивачите смислил убав начин да помогне свој фудбалер

28-годишниот стопер на англискиот четвртолигаш Њупорт, Фрејзер Френкс минатата недела објавил дека ја завршува професионалната играчка кариера поради проблеми со срцето, а управата и навивачите смислиле супер начин да му се најдат во неволја.

Њупорт решил да го поддржи својот фудбалер со помош на прекрасна акција: Следната сезона во една од трите варијанти на дресови ќе ги испише премизињата на навивачите кои ќе донираат 50 фунти на сметка за помош на Фрејзер.

Презимињата ќе бидат испишани со мали и ситни букви на преубав дрес.

Дизајнот на дресот со клупските бои го избрал самиот Фрејзер Френкс:

„И јас и моето семејство немаме зборови со кои можеме да ја изразиме благодарноста до фудбалскиот клуб за овој неверојатен гест. Не знам што не чека во иднина, но ова ќе биде огромна помош“, рекол Англичанецот.

****

Фрејзер Френкс до 16 години тренирал фудбал во академијата на Челси, а потоа се дообучувал и во Брентфорд. Целата професионална кариера ја минал во 4-та и 5-та дивизија.

За крајот на кариерата на 28 години објавил минатата недела: „Имам проблем со аортата и срцевиот залисток. Лекарите ми кажаа дека морам неодложно да престанам со фудбалот затоа што постои огромен ризик од усложнување на состојбата ако го подвргнам срцето на премногу напор и стрес“, рекол Фрејзер.

Интересно, дефанзивецот на 16 февруари играше против Манчестер Сити во 1/8 финалето на ФА Купот. Њупорт стана единствениот клуб од четврта лига кој стигнал до оваа фаза од најстарото натпреварување на светот.

Френкс влегол од клупата во 86’ минута при резултат 0:2 за Сити. После пар минути Њупорт даде гол за огромна радост на навивачите, но на крајот изгуби со 1:4.

А после три дена, Френкс Фрејзер го одиграл последниот меч во својата кариера - Њупорт на гости со 1:4 го прегазил Нотс Каунти а Фрејзер дал гол во 9’ минута. Во 81-ва минута бил повлечен од игра.

Ноќта после тој меч многу му се слошило. „Мислев дека се симптоми на грип. Имав висока температура, ме фати и треска, а потоа ме стегна во градите и наеднаш срцето почна да ми чука брзо и силно. Жена ми ме однесе во болница и таму докторите ми открија проблем со срцето.

Во саботата играв против Манчестер Сити, во вторникот вечер против Нотс Каунти, а во средата веќе бев во болница. Потоа разговарав со многу кардиолози, ги собрав сите информации. И сите велат дека е многу добро што сега е откриено. Ќе бев глупав ако не ги послушав нивните совети“, рекол 28-годишниот Фрејзер Френкс кој се простува од фудбалот.