Најлудиот газда во светот кој седел на клупа како тренер и се самоотпуштил

Оние што се кладат на Англичани, добро знаат дека по League Two, во билтените како понуда стојат и петта и шеста англиска лига именувана како National League. Па не е лошо да ве запознаеме со една приказна од тој нисколигашки фудбал каде претседателот е сè, од тренер до дизајнер.

Во билтен ќе го најдете како Billericay Town кој е дел од шестата англиска лига или National League South. Моментално се втори на табела со 19 освоени бодови по 9 изминати кола.
 
Не знаеме како е и дали е нешто слично и во другите шестолигаши, ама не веруваме дека имаат поголема будалетинка за газда од овој. Се вика Глен Тамплин кој направил пари откако основал компанија за производство на челик во својот двор.
 
 
Сега е во стечај, должи околу милион фунти, но тој има заработено повеќе од тоа и веќе не го интересира тој бизнис, бидејќи го открил фудбалот.
 
Тамплин го купил шестолигашот Билерики Таун во кој инвестирал два милиони фунти во инфраструктура и со гордост ја покажува соблекувалната која сам ја дизанирал. Внатре амбиентот е нетипичен и за некого можеби и малку страшен.
 
 
Некој може ќе каже дека газда Глен е малку ексцентричен лик, но што е тоа битно кога има резултати. Тој истовремено е и тренер во клубот кој за прв пат во историјата успеал да го избутка до првото коло од реномираниот ФА Куп.
 
Колку што е талентиран за тренер, толку е и принципиелен, ама и откачен. По три порази во низа решил сам себе да се отпушти, па по два дена се предомислил и сега најди му го крајот.
 
 
Се заканил дека ќе го продаде клубот откако се пишувало за него дека во клупските тоалети шмрка кокаин на полувреме. Инаку често има проблеми со законот, но и со навивачите. Апсен е неколку пати, еднаш кога еден од играчите имал закани од мафија, а осудуван е за неправилно фрлање отпад додека му работела фабриката.
 
Ако редовно следите англиски печат, тогаш сигурно сте налетале на Глен Тамплин кој редовно ги полни насловните. Вчера пак сите пишуваа за него бидејќи за нов тренер на Билерики Таун го ангажирал Стив Ват, а по два часа го отпуштил. Зошто?
 
„Не можев да го оставав, лани зборувал против нас“, објаснува Тамплин кој по цел дреме на социјални мрежи и се расправа со хејтери.
Кај него постои и друга страна, па да речеме дека донирал 50.000 фунти за дете болно од целебрална парализа и вработил двајца бездомници кои ги сретнал кога одел накај работа.
13 септември 2018 - 14:43