На мечот меѓу Карлтон Атлетик и Илкли Таун (0:2) во 7. англиска дивизија на терен истрчала алпака, животно од фамилијата камили, позната како мала лама.
Алпаката истрчала на терен на 5 минути пред полувремето, се движела по теренот и му се пуштила на еден играч:
Crazy scenes @CarltonAthletic vs @ilkleytown today. @JoeGarsideLUFC drops his shoulder and leaves Alpaca for dead. pic.twitter.com/a8GVphyycF
— Ilkley Town AFC (@ilkleytown) September 19, 2020
„Цели 40 години играм и гледам фудбал и никогаш не сум видел такво нешто“, рекол претседателот на Илкли Ричард Џајлс.
Според него, алпаката Оскар им донела среќа зошто по нејзиното влетување на терен, Илкли Таун постигнал два гола и победил. Сега овој клуб сака да има маскота алпака.
„Ќе пробам да се поврзам со најблиските фарми“, рекол претседателот на клубот.
Во Велика Британија има десетина фарми кои одгледуваат алпака, а во земјата има околу 10.000 регистрирани алпаки кои потекнуваат од Чиле, Перу и Боливија. Се одгледуваат поради тоа што од нивното влакно се прават многу артикли, а фармерите велат дека ова животно не е агресивно и дека просто е многу мило.
А Оскар навива за Карлтон, така барем тврдат навивачите на овој клуб.
„Алпака Оскар е наш верен навивач“, вели Гевин Ботмит кој секоја сабота го следи својот тим.
НЕ СТЕ СЛУШНАЛЕ НИКОГАШ ЗА АЛПАКА?
Алпака е домашно животно. Го чувале индијанците уште пред илјадници години. Не расте повеќе од 1 метар а тежината им е околу 70 килограми. Најмногу ги има во Јужна Америка (околу 3 милиони алпаки), воглавно во Перу.