Ричардсон (46) е постар цели 26 години од првиот голман Лич и последен пат истрчал на официјален натпревари уште во 2005. година. Бери дебитирал во лигата во 1989. година. Тогаш 7 души од сегашниот стартен состав на Плимут не биле родени, а премиер на Бртианија беше Маргарет Тачер.
Пред 11 години, Ричардсон настапувал за Донкастер, ја скршил ногата и станал тренер на голманите. Работел во голем број нисколигаши меѓу кои Донкастер, Нотингем Форест, Челтнем, Питерборо и сега е во Викомб. Бери сезонава се регистрирал и како резервен голман, чисто формално за да се пополни потребниот список на играчи. Минатата сезона тој 35 пати бил резервен голман на Викомб.
Бери се прослави на почетокот на јануари, кога првиот голман Мет Ингрем бил суспендиран, па ветеранот морал да истрча на теренот како прв голман. Минатиот месец Ингрем беше продаден во Квинс Парк Ренџерс, па Плимут останал со еден резервен голман, Бери Ричардсон.
Ништо невообичаено за стариот голман, кого клупскиот фотограф го фатил како мирно пие чај од ќерамична шолја на клупата, а за само 15 минути влегол во игра на барање на менаџерот Герет Еинсворт кој е секако, далеку помлад од Бери.