Паралелно со ЛШ, синоќа се играа натпревари и во Лига 1, каде срамот го изеде голманот Макс Стријек. Пољакот веројатно во обид да изглуми фаул, се избламира за сите пари и прими гол за победа на Барнсли против Викомб од 1:0 и тоа во 91-ва минута.
Додека траат квалификациите за Европско 2020, како и Светското во кошарка во Кина, англиското фудбалско подземје не застанува. Најјако беше во трета лига од каде доаѓа луд хајлајтс.
Во земјата во која се игра најгрубиот фудбал на светот, имало илјадници криминални прекршоци. Но она што го направил Џејсон Казинс од Викомб над Дејвид Мос од Донкастер е страобално. А што е најлудо, судијата па му дава втор жолт па црвен. Проценил дека е за жолт картон. Соиграчите уште се бунат.
Адебајо Акинфенва игра за Викомб Вондерерс во Лига 2 (четврта лига по ред). Висок е 1,80 и тежи 103 килограми. Важи за најјак фудбалер во Англија, а на Твитер му прати видео порака на Серхио Рамос.
Во 13-та минута од мечот Плимут - Викомб, се повредил домашниот голман Алекс Линч. Него го заменил Бери Ричардсон, кој допринел Плимут за првпат сезонава да не даде гол на домашен терен (гостите славеа 0-1).