Фудбалерот Тајрон Мингс кој настапува за англискиот второлигаш Ипсвич и покрај тоа има 22 години и ги заработува првите пари од фудбалот, тој не ги чува само за себе. Медиумите во Англија денеска го пофалија за неколку потези.
Младиот дефанзивец и ги плати сите долгови на мајка му, но тоа сакаше да го дознаат и оние кои го следат на Инстаграм.
Неговата дарежливост за која се дозна на социјалните мрежи ја покажа и лани кога на навивач на Ипсвич му купи нов дрес, со образложение дека тој што го носел бил со старата негова бројка.
Четири месеци пред тоа на двајца навивачи им купи две карти, затоа што му се пожалиле дека немаат пари.
Тајрон Мингс потекнува од академијата на Саутемптон и важи за еден од најперспективните дефанзивци во Чемпионшип лигата, а лани за него се интересираше Арсенал.