Како се гине за тимот ќе ви покаже Тајрон Мингс од Астон Вила на мечот против Вест Хем. Потоа кутриот се здроби во гол и пушти крик кој без публика силно се слушна во пренос.
Во екот на хитот „10 years challenge“ најпознатите фудбалери од Велика Британија постираа фотографии од тоа кај биле и какви биле пред 10 години и фотографии од денес. Цепки.
Тајрон Мингс (26) го импресионирал Гарет Саутгејт со игрите во Премиер лига, па решил да му даде повик за квалификациите за Европско првенство 2020. Тајрон првпат ќе игра за Англија, а неговиот животен и фудбалски пат е просто неверојатен.
Се мислевме дали да го сместиме во рубриката Офсајд лик, заради тоа што за приватни работи се фали по социјални мрежи, но сепак делата на младичот се на место, а за тоа доби пофалби и на БиБиСи.