Во 2009 бил хипотекарен агент, а во 2019 репрезентативец на Англија

Во екот на хитот „10 years challenge“ најпознатите фудбалери од Велика Британија постираа фотографии од тоа кај биле и какви биле пред 10 години и фотографии од денес. Цепки.

Овој флешмоб подразбира да постираат слика од 2009/2010 година и до неа друга од 2019 или 2020.

Па еве каква е децениската разлика:

Вејн Руни: од прв напаѓач на Манчестер Јунајтед со 1 дете, до фудбалер на Деби Каунти со цел тим деца

Трент-Александар Арнолд. Од малиот играч во академија на Ливерпул до асистент на најважниот гол во 2019-та 

Енди Робертсон. Од играч на кадетите на Квис Парк во 3-та Шкотска дивизија до најдобар лев бек во цела Премиер лига

Ријад Марез, од анонимец во Алжир до легенда во Премиер лига со титула со Лестер 

Хари Кејн. Од резервен играч во Лејтон Ориент до најдобар напаѓач во цела Англија 

Маркус Рашфорд, од надеж до лидер на Манчестер Јунајтед 

Деклан Рајс, Вест Хем. Од дете кое тренирало заедно со Мејсон Маунт, до репрезентативец на Англија со Мејсон Маунт 

И најјакиот. Тајрон Мингс од Астон Вила. Од агент за хипотеки до стопер во репрезентацијата на Англија 

Деле Али. Сликите сами кажуваат 

Џордан Хендерсон. Од резерва во Сандерленд до капитен на најдобрата екипа на светот во 2019

Адам Лалана. Од освојувач на пониска фудбалска дивизија до шампион во Лига на шампиони

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The decade started and ended with silverware 🏆💫🏅🌍 #SAINTSFC #LFC #YNWA

A post shared by Adam Lallana (@officiallallana) on

Џејми Варди. Од анонимец во Флитвуд до најдобар стрелец во Премиер лига и шампионска титула со Лестер