4 март 1987 година, камен ладно во Белград, температура под нулата. На Маракана гостува големиот Реал Мадрид. Така сакаше ждребот. Во четвртфинале се паднаа Порто – Брондби, Бешикташ – Динамо Киев, Баерн Минхен – Андерлехт и Црвена Звезда – Реал Мадрид.
Звезда до таму стигна откако во прво коло го елиминираше Панатинаикос со вкупни 4:2, а потоа го тресна Розенборг со вкупен резултат 7:1. Панчев и Најдовски тогаш играа за Вардар, а во Белград пристигнаа следната година.
Реал меѓу најдобрите 8 екипи во Европа стигна откако ги мина Јанг Бојс и Јувентус.
Звезда во состав ги имаше Стеван Стојановиќ, Миливоје Брачун, Миодраг Кривокапиќ, Славко Радовановиќ, Марко Елснер, Милан Јанковиќ, Жарко Ѓуровиќ, нашиот Бошко Ѓуровски, Борислав Цветковиќ, Драган Стојковиќ Пикси, Митар Мркела и Зоран Павловиќ кој влезе во 70 минута.
За Реал настапија Пако Бујо, Чендо, Хозе Антонио Камачо, Хозе Антонио Салгуеро, Мануел Санчиз, Рафаел Гордило, Хезус Солана, Мишел, Хуго Санчез, Рокардо Галенго, Хорхе Валдано. Од клупа влегоа Рафаелн Мартин Васкез и Хуанито.
Кралевите во тоа време беа екстра доминантен тим во Шпанија и владееа со пет првенствени титули по ред (од 86-та до 90-та), а Хуго Санчез таа сезона 1986/1987 блесна со 34 голови во Ла Лига на 41 меч.
Но на Маракана се случи чудо во првите 45 минути. На семафорот стоеше 3:0 за Ѕвезда. Навивачите беа во делириум. 7 минута Бошко Ѓуровски 1:0, 11 минута Жарко Ѓуровиќ 2:0, 38 минута Борислав Цветковиќ. Чиста фудбалска поезија.
Судијата покажа три пенали на средбата, еден за домаќините и два за гостите кои првиот го промашија. Санчез во 65 минута намали на 3:1, Јанковиќ во 83-та за 4:1 и потоа Санчез во 87 за конечни 4:2 од пенал.
Овој резултат не беше доволен за Србите да се пласираат во полуфинале бидејќи на реваншот загубија со 2:0. И покрај тоа што круната им стигна 4 години подоцна, овој студен мартовски ден ќе го паметат по еден од нивните најдобрите мечеви во Европа.
10 минути за гледање без трепкање
Еве како еден навивач го доживеал првото полувреме